Досега 12.210 починати од корона вирусот во Франција

by fokus

Во Франција досега се  регистрирани 12.210 смртни случаи на Ковид-19, а уште 30.000 лица се наоѓаат на болничко лекување, јави дописникот на МИА.

Генералниот директор за здравство, појасни дека од вкупно 12.210 смртни случаи, 8.044 биле во болниците, додека 4.166 во социјалните установи и старските домови.

Покрај исклучителната ситуација во која се наоѓа земјата, генералниот директор за здравство, забележа дека за прв пат вкупниот број на пациентите на интензивна нега се намали за 86 пациенти, па сега  на реанимација се наоѓаат 7.066 лица.

Поврзани новости