Донесени измените на Законот за вино, опозицијата смета дека не се решиле проблемите на лозарите

by fokus

Собранието на денешното продолжение на 116-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вино, во второ читање, со кои се подобруваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките производители.

За измените не гласаа пратениците од опозицијата, бидејќи тие сметаа дека овој закон не ги решава проблемите на лозарите како што се загарантираниот откуп и загарантирана цена, туку се однесува повеќе за винариите.

На малите винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, со измените им се дава можност да работат со ангажиран енолог, а не како досега да мора да имаат вработено дипломиран енолог, додека физичките лица ќе можат да произведуваат вино со какво било завршено средно образование.

Во прво читање помина Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се усогласуваат одредени негови делови со стандардите на НАТО, а се врши и терминолошко усогласување и прецизирање на  одредени поими.

Поврзани новости