Донесен Законот за младински додаток

by fokus

Собранието вечерва го донесе Законот за младински додаток по скратена постапка, кој предвидува на млади до 23 години по завршување на средно образование да им се доделуваат по 3.000 денари за работа во производството.

Целта е да се стимулира запишување во средни стручни училишта и поттикнување на вработувањето во производството или поддршка за младите што се вработени во производните области.  Парите за младински додаток  ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за законот.

Пратениците го оценија како прифатлив Предлог-законот за енергетска ефикасност кој е проследен во натамошно, второ читање. Законот е со европско знаменце зашто предвидува нашата земја да се обврзе да транспонира две директиви од ЕУ – за енергетска ефикасност и за енергетски карактеристики на зградите.

Поврзани новости