Дончев: СЈО да истражи како Бошкоски е осуден со лажен заштитен сведок

by Fokus 15:35
15:35

Бараме СЈО да го истражи случајот на апсењето и на судскиот процес на Љубе Бошкоски. Сите имавме можност преку „бомбите“ да слушнеме како луѓе од врхушката на власта се изживуваа при апсењето, но јавноста нешто не знае. Ова денес од Специјалното јавно обвинителство го побара Ден Дончев, носителот на кандидатската листа за изборната единица 1 на Коалицијата ВМРО за Македонија.

– Имаме конкретни сознанија и тврдиме дека човекот со кој Бошкоски седеше во ресторанот и кој требаше законски да биде заштитениот сведок не е човекот кој се појави и сведочеше против Бошкоски. Тврдиме дека заштитениот сведок не само што не се појавил во судот туку е лажиран заштитен сведок. Бараме СЈО овој случај да го расчисти и да добие приоритет. Имено, доколку крунскиот сведок не се појавил и не сведочел, тогаш правно гледано, немало случај против господинот Бошкоски. Тоа значи дека невин човек е осуден и беше пет години во затвор – тврди Дончев.

- Advertisements -

Според него, кога на ваков начин на Бошкоски му е одземена слободата и бил во затвор цели пет години, тоа значело дека никој во оваа земја не може да се чувствува сигурен со оваа диктатура и овој режим.

 

Поврзани новости