Доналд Туск утре доаѓа во Скопје

by Fokus 10:30
10:30

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре доаѓа во посета на земјава. Планирана е средба со претседателот Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

Според агендата на Туск, предвидена е средба од половина час во четири очи, без советници и дипломати.

Претседателот на Европскиот совет, предвидено средби со други политичари во Македонија.

Иванов, како што информира неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.

Поврзани новости