Домаќинот за малку не ги фатил крадците, избегале со плен од 270.000 денари

by fokus

Тешка кражба била пријавена вчера околу 23.30 часот на улицата Пехчевска во Скопје. Непознати сторители се стекнале со противправна имотна корист од околу 4.400 евра.

Според полицијата кражбата се случила во домот на 45-годишниот скопјанец В.Н. Одземен е разновиден златен накит и 50.000 денари.

Сторителите кражбата ја извршиле на тој начин што влегле преку терасата. При напуштањето на куќата, тие се сретнале со сопственикот на куќата, кој во меѓувреме се вратил дома. Тој се обидел да ги спречи, но двете лица успеале да избегаат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости