ДОМ нуди помош за бебиња и деца до три години

by Fokus

ДОМ нуди интервентна помош за најранливите категории, предност имаат мајки со бебиња и деца до 3 години.

– За првите 20 лица што ќе се јават на телефон 076/311-601, обезбеден е престој во хостел со оброци во следните 10 дена. Ова е ургентна интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во нивните домови уништени од поплавите. Тие се соочени со зарази, воспаление на белите дробови и други болести, зашто деноноќно престојуваат во влажни простории, во близина на загинати животни во распаѓање, без вода и струја. ДОМ ќе се фокусира на донации во детска храна, млеко, пелени, облека и хигиенски производи – се наведува во соопштението од ДОМ.

Поврзани новости