ДОМ: Избирачкиот список е хаос!

by Фокус

Избирачкиот список е хаос, а владејачките партии прават проѕирна манипулација со објавените бројки, па наместо бројката од над 300.000 сомнителни гласачи што беше од страна на Државната изборна комисија утврдена со консензус, синоќа објавуваат дека само 110.000 спорни гласачи ќе се проверувале теренски, оценува ДОМ.

„Особено интересно е инсистирањето на дел од ДИК воопшто да не се проверуваат 124.027 гласачи, кои ги нема во ниту една институционална база, па се заклучило дека се веројатно иселени граѓани, но со право на глас. Не е проблем само правото на глас, туку и кој тоа го користи. Дали тој самиот во странство, или некој друг тука, во Македонија, во негово отсуство“, соопштија од ДОМ.

Поврзани новости