ДОМ: Бараме една изборна единица, парламентот ни одби еден таков предлог-закон

by fokus 12:30
12:30

Партијата на Лиле Поповска преку соопштение известува дека тие се за една изборна единица без праг, со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. Велат, за ова се залагале со години, а претходно дале и предлог-закон, кој бил одбиен во парламентот.

„Ова е нашиот став и во сегашнава дебата околу измените на изборниот модел. Аргументите се познати: на ваков начин ќе и дадеме сериозна шанса на демократијата и на слободната волја на граѓаните, со што ќе се добие поразнобојно и поодговорно собрание, во кое соодветно ќе бидат застапени различни граѓански групи во општеството, според  идеологија и определба“, стои во соопштението на ДОМ.

Од партијата велат дека за да има фер изборен натпревар, неопходно е конечно да се прочисти избирачкиот список од оние 89.000 „фантомски“ гласачи, за кои како што велат, ДИК со консензус утврди дека не постојат во ниедна база на податоци, за да не може веќе да бидат злоупотребени од некоја партија, ниту да се подига вештачки прагот за влез на пратеник во парламентот.

Поврзани новости