Долга магарица и мрест на амеби

by fokus

( CAMASUTRA MACEDONICA )

пишува: Агим Јонуз

Тачно ме заболе дали некој ке ме нарече хејтер или дека овој вокабулар не е културен, се додека не сменам мислење дека средината во просек е на ниво на француска шампита, а не балканска како онаа на Илинденска крај Вардар. Сте играле ‘‘ Долга Магарица‘‘? Србите викаат ‘‘ Трула Кобила‘‘! Ај кратка едукација за ¾ скопјани кои не играле, зашто вчера дошле у Скопје. Едни ‘‘ лежат‘‘ ( читај се пупат),  другите рипаат врз нив и им кршат кичма, па се мењаат оној момент кога оние оздола ке ја трефнат бројката. И така се мењаат до недоглед. Дур не почнат да им клецаат колена! А пред да прашаат за кога бројка се работи, оној одозгора вика

‘‘чаталику паталику, турнам, бутнам колку сееее‘‘? – компиир! ( вика тој одоздола)!

За оние што знаат да читаат колумни, оваа колумна е веќе завршена тука зашто ме разбрале се што имам да кажам. Арно ама, не знае секој што е сатира. За тоа треба кликер а богами и троа интелигенција. Идемо даље. Минуваме низ период на ‘‘ чаталику – паталику‘‘ а турнам и бутнам ни се случува веќе бездруго 27 полни години.

Ај да бидеме озбилни!

Додека во нашата авлија и се случува неизбежна геополитика која има свои иљада лица на функционирање, се присеќаме на податокот кој вели дека ние како мала земја не сме ниту спремни, ниту јаки, а башка ни способни да и се спротивставиме на една машинерија која одлучува не само кај нас, туку по целиот свет каква ке биде ситуацијата. Суровоста на вистината вели дека некој одлучил сепак дека ке постоиме како држава, само треба малку да се нашминкаме за да бидеме во чекор со ‘‘дрес кодот‘‘ на журката наречена историски процеси.

Како сведоци на многу секојдневни ситуации кои се граничат со апсурди, политичкото живеење кај нас вели дека влегуваме во период во кој лично сметам дека ке има многу циркуси и резили допрва. Откако амбиентот на асфалтот вели дека тоталното разочарување од сите страни доживува катарза, ние како народ треба да се бавиме со високи математики во кои како и да се свртиш единствениот спас ни е тоа пусто НАТО и Европа. Е, сега ако земеме под некој галактички микроскоп да погледнеме што се случува кај нас, ке дојдеме до поразителен податок кој вели дека од една мелораматична новела наречена ‘‘ Македонија вечна‘‘ преоѓаме во еден ‘‘HARD CORE‘‘ порно филм во кој едни се прават невини ( а стенкаат кришум), а другите викаат ‘‘ а бе ќути и уживај‘‘.  ( се извинив на почеток де, знам дека сум прост!)

Ајде да преведеме на македонски:

Од прв до последен политичар во Р. Македонија, сите знаат дека нема назад и дека се што треба да се случи ке се случи, па ние да скокаме до таван ако треба. Решиле горе дека им требаме на картата на НАТО и крај! Цената е веќе платена, се ова сега е ‘‘ после свадба тапани‘‘, ама ајде да се присетиме на вицот со кокошките кои трчале еден круг повеќе околу кокошарникот за да не мисли петелот ( читај народот) дека туку – така лесно се предале. Треба да ви цртам кои се тие? Не! Ок! Идемо даље. Пак не разбравте ништо?! Ооооф!

Е, ајде де! Да преведеме на ‘‘ народски јазик‘‘!

Единствен фраер кој од улица иде право у Европа со фул парламентарен и политички стаж е Амди Бајрам! Браос бе друже, ти си у суштина Македонија. Ги издржа сите бури. Сите останати у моментов играат ‘‘ бараж натпревари‘‘ за да си обезбедат место у лигата на европските политичари кои утре-заутре ке треба да решаваат која чорапа на која нога иде. Во моментов се игра еден тивок ‘‘Pjay Off‘‘ на политичари и политички опции кои ни ‘‘ И ‘‘ од идеологии немаат, а камо ли било што кое може да убеди барем просечно писмен човек дека треба да го подржува. Лицемерието е доведено до совршенство. И нај – ултра будалите се свесни дека само Европа ни е спас, ама они мораат да глумат лудило зашто на таа сметка до дриблале народот со години. Оние нај – лузери, играат на картата на ѓаволот пеејки ја фразата ‘‘ потонам ли јас, ве повлекувам сите‘‘. Сите оние ултра-патриоти од сите страни се спремни да и дорасплакат мамата на државата само затоа што евентуален хаос уште малку може да им даде време да наоѓаат чаре како да си го спасат газот кој е замастен до ниво на ‘‘велеусраност‘‘! Овие другите па, ‘‘чесните‘‘, ја уживаат привилегијата на да се биде на позиција, да се испадне херој и евентуално да се смести името и презимето во современата енциклопедија која ке говори дека ‘‘фиљан‘‘ сурати ја внеле Македонија у Европа и подобра иднина! Која црна иднина бе алооо!! Може да мењаме структури, може да мењаме многу нешта ама уште долго, долго ке бидеме она што сме!

ЛАЈНА!

А бе, мое демократско и уставно право да си размишљам бе! ‘‘Нема љутиш‘‘! Уставно право бе!

Арно ама, тоа е што е! До толку се навикнавме на беда и мизерија што почнавме и да не ја забележуваме дека постои. Дури и оние кои цело време се бунеа дека не иде на добро се изморија од сопствените забелешки и прејдоа на песната ‘‘ дај барем да ставам и ја нешто у џеб‘‘, ова ионака е брод кој плута без правец. Позицијата максимално го искористи ‘‘мрестот на политичките амеби‘‘ за да ги припои и создаде некакво мнозинство за да ја ‘‘ отплеше‘‘ обеќаната агенда што кај оние газдите ( е ај од 3 х погодете де), а што кај оние очајни граѓани кои ионака не веруваат никому, ама пусти сметаат дека можеби ако влеземе во Европа некој друг ќе не опраи коа не можеше една сурија слепци! Одеднаш маса од оние кои не можеа ни да го смислат СДСМ станаа најдобри пријатели, први соработници, конструктивни фактори, станаа ангели на иднината! А бе,.. дно – дна! Има доволно доблесни да признаат дека овде во ова писание лежи реалноста!?!

Ни у инкубатор не би зе измрестиле толку амеби колку во Р. Македонија овој период! Гнас!

Ајде да и се вратиме на долгата магарица!

Ние лежиме, Европа рипа! Напупени, накичмени, силно влезени еден у друг со глава у газ, и чекаме да не праша Европа ‘‘ колку сее‘‘! И ние викаме ‘‘нулаа‘‘, а Европа најбезобразно оти е ‘‘ озгора‘‘ и може да мафта колку сака вика ‘‘ Не! Компииир‘‘. У суштина ти си у право, ама кој играл долга магарица знае дека нулата не е компир! И тука може да има дупачка колку сакаш! А бе, ептен ми е жал ако некој не играл долга магарица и не може да ‘‘ влезе у суштината‘‘! Е, ЈБГ!

Зоран Заев ниту го критикувам, ниту го фалам. Со среќа Зоки, ке ти треба покрај храброста и многу, многу среќа. Затоа што во историјата на овој народ има многу песни во кој се спомнувани ‘‘ клетите предавници‘‘! Да не ти опне некој ‘‘нож у грб‘‘ во последен момент. Пази се од оние кои ‘‘ најмногу те сакаат‘‘. Си го сакаат они својот безбеден газ пред се, својот статус кој сакаат да си го задржат и многу нешта кои треба да отидат под тепих за да не ги праша никој зошто не се посиромашни од вчера, а само завчера немаа гаки да облечат. Добро пливаш меѓу амеби. Не си ти глуп! Фурај!

Е, мој Зоки, Зоране ( имењак од албански).

Ке живее оваа Македонија. Северна ли, на стрина му ли, Македонија е тоа! Па и Северна де! Кај се останатите ‘‘македонии‘‘!?

Аааа?!…. ( a million dolar question )! Прашај ги Ципрас, Борисов,…!

И за крај, јавно го прашувам народот семакедонски : Чаталику паталику турнам бутнам колку сеее?

КОМПИИР!

Поврзани новости