Доктори и сестри од другите клиники на испомош во Инфективната клиника

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, денеска одржаа работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје, информираат од Министерството за здравство.

На состаноците било договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капацитети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19.

-Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период, потенцираше министерот Филипче и додаде дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

Поврзани новости