1K
Доктор Нагип Зумбери е нов в.д директор на скопската Клиника за токсикологија, кој доаѓа на местото на досегашниот директор Нико Беќаровски, кој за смената на директорското место информираше на својот фејсбук профил.
„Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич.
Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив“- напиша доктор Беќаровски.