Доктор Беќаровски: Ако денеска почнеме да се однесуваме одговорно, Нова Година можеме да ја дочекаме на плоштад

by fokus

Доктор Нико Беќаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма уште еднаш апелираше колку е важно да се почитуваат трите основни мерки за заштита: носење маска, држење дистанца и редовно миење раце.

Има луѓе кои бројките на смртност ги споредуваат со општата смрност меѓу. Ние требаше да објасниме зошто општата смртност не е зголемена или само малку е зголемеа. Ние бевме во карантин три месеци каде сообраќајките се намалија за 70 посто. Обичниот грип го запреваме уште во март, и немаме компликации од грип. Ако почнеме денеска да се однесуваме одговорно, Нова Година можеме да ја дочекаме на плоштад. Со 60 дена строго придржување до постоечките мерки ќе го ставиме под контрола вирусот, рече Беќаровски.

Поврзани новости