Доктор Бајрактаров: Се зголемува бројот на луѓето кои побарале психијатриска помош

by Fokus

Значително се зголеми бројот на граѓани кои бараат помош во нашите амбуланти. Дел од граѓаните имаат потреба од психолошка поддршка поради нивната зголемена вознемиреност, страв, загриженост, напнатост, несигурност и нарушен сон поврзани со семеен член заболен од Ковид-19 или пак непредвидливоста на актуелната ситуација. Главно се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале. Родителите, пак, најчесто се загрижени за зголемена вознемиреност кај нивните деца, проблеми во нивното однесување и имаат потреба од совет за тоа како подобро би можеле да пристапат кон нив.

Ова го вели директорот на Универзитетската клиника за психијатрија, Стојан Бајрактаров во интервју за МИА. За да си го олесниме овој период, посочува доктор Бајрактаров, ние често препорачуваме да се следат и да се споделуваат информации од релевантни извори, да се ограничи пристапот до социјалните медиуми кои може да ја зголемат вознемиреноста, да се споделуваат проблемите со блиските и да се обидеме заедно да изнајдеме решенија за некои од проблемите.

– Особено важно е одржувањето на позитивноста, рутината и креативноста во услови на ограничен личен контакт за да си дадеме можност да изнајдеме различни пристапи за нашите проблеми, потенцира д-р Бајрактаров.

Поврзани новости