Доколку победи Јанчев во Кавадарци, Китев би му посакал успех

by Fokus

Заврши гласањето во вториот круг од локалните избори. Во Кавадарци, каде силите ги измерија Бетиан Китев од СДСМ и Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ, во тек на предизборната кампања беше присутна голема неизвеснот од резултатите.

Граѓаните избираа помеѓу Китев, одличен оратор и надежен политичар без ниту една дамка, и Јанчев успешен бизнисмен и сопственик на компанијата ,,Кожувчанка’’. Додека кавадарчани ја исчекуваат веста кој ќе им биде новиот градоначалник, ,,Фокус’’ и на двајцата кандидати им го постави прашањето, доколку победи противкандидатот, дали би му честитале, и што би му посакале?

,,Да, секако дека би му честитал на Јанчев, доколку победи. Би му посакал успех на секое поле, за подобар живот на сите. Општината да биде потранспарентна, отворена, и сите одлуки да бидат во корист на граѓаните’’ – изјави Китев.

За разлика од него, од Митко Јанчев не добивме одговор на прашањето. Во Кавадарци, вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 32.706. Според ДИК до 17 часот на гласање излегле 65,94 проценти од гласачите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости