Докиќ: Кај дел од пациентите доаѓа до оштетување на капиларите на белите дробови и на срцето

by fokus

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, објасни кои пациенти, заразени со Ковид-19, се хоспитализираат во болниците.

-Сите кои доаѓаат може да ги групираме во една категоризација, кои имаат многу ниска сатурација, и тие мора веднаш да се стават на кислород. И тие имаат проблеми со респираторниот систем. Другите имаат проблеми со коагулација. Доаѓа до оштетување на капиларите, пред се на белите дробови, потоа во срцето, некои дури може да имаат и мозочен удар, рече Докиќ.

Тој вели вирусот е многу подмолен, го измамува имуниот систем.

-Дава погрешна информација на организмот. Тоа е исто како некој центар во ЦИА, кога некој вирус влегува во компјутерот и ја пореметува целата мрежа, идентично се случува и тука, ковид велегува во телото и го ремети целиот програм на одбраната и организмот сосема погрешна информација добива и затоа прекумерно реагира со создавање на тие цитокини и доаѓа до цитогенска бура од која ретко кој се спасува, вели Докиќ.

Поврзани новости