Дојави за бомби во кулите „Џевахир“, станарите евакуирани

by Fokus

Попладнево било пријавено дека во кулите „Џевахир“ во Аеродром има дојава за поставени бомби, говорат информациите на „Фокус“.

Имено, сите станари од висококатниците се евакуирани, а екипите од МВР се на терен и вршат детални проверки за овие дојави.

И минатата година имаше дојави за бомби во овие висококатници, а после проверките на полицијата се утврдија дека се лажни.

Поврзани новости