Договорена заедничка анализа на која ќе се темели законскиот текст за високо образование

by Фокус

УКИМ, Министерството за образование и претставници на Студентскиот и Професорскиот пленум на денешната средба се договорија да се формира работна група со претставници од сите инволвирани страни, која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование.

По завршувањето на средбата никој не даде изјава, а ректорот Велимир Стојковски преку соопштение  кое рече дека било договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование.

Во моментов, заседава Студентскиот пленум и се очекува наскоро од таму  да излезат со сопштение во кое ќе се изјаснат дали се задоволни од договореното. Останува отворено и прашањето дали окупацијата на факултетите ќе продолжи.

Поврзани новости