Москва и Вашингтон постигнаа договор за одржување на средба помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави помошникот на рускито претседател Јуруиј Ушков.
Неговата изјава уследи по средбата на советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон со рускиот претседател. Тој додаде дека местото и времето на самитот ќе бидат објавени утре.
Ушков посочи дека средбата ќе се случи на заеднички усогласена локација во трета држава и дека за подготовките за самитот на двајцата претседатели потребни се уште неколку недели.
– Вашата посета на Москва ни дава надеж дека ќе бидеме во можност да го направиме барем првиот чекор кон целосно обновување на односите меѓу двете земји – истакна Путин на средбата во Кремљ.
Тој посочи дека билатералните односи меѓу Русија и САД во моментов не се најдобри и додаде дека Москва никогаш не посакувала конфронтација.
Теми на разговор помеѓу Болтон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров беа ситуацијата во Украина, Сирија и билатералните односи.