Договорена е официјална посета на Заев во Белград

by fokus

Премиерот, Зоран Заев и амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак – Томиќ,  на денешната средба се сложиле дека постои искрено пријателство меѓу двете држави и дека постојат реални основи за продлабочување на односите.

Од Владата соопштуваат дека веќе се договорени официјална посета на премиерот Заев на Србија и заеднички состанок на двете влади.

Српската амбасадорка Дивјак – Томиќ изразила благодарност за конструктивноста на премиерот Заев во унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Србија, велат од Владата.

„Пренесувам позитивна и конструктивна атмосфера од Србија за натамошна блиска соработка.  Исто така премесувам и благодарност за поддршката од Владата на Македонија, седиштето на Транспортната заедница да биде во Белград. Тоа што генералниот секретар на Транспортната заедница е од Република Македонија е само потврда за определбата од двете страни, за негување и развивање на нашите пријателските односи“ рече амбасадорката Дивјак – Томиќ.

„ Република Србија е традиционален пријател на Република Македонија и насочени сме само кон позитивни односи што ќе придонесат и во билатералните односи и на регионален план“, рече премиерот Заев.

На средбата на претседателот на Владата, Заев и српската амбасадорка Дивјак – Томиќ е договорено да се направи рекапитулар на потпишаните, а досега нереализирани документи за соработка помеѓу двете држави и да се пристапи кон нивна скорешна имплементација.

 

Поврзани новости