Договор за рестартирање на „Југохром“ која беше затворена поради неизградба на филтер станица

by Fokus

Денеска во Владата ќе биде потпишан меморандум за разбирање за рестартирање на „Југохром“.

Како што соопштија од владината прес-служба, целта е придонес во изнаоѓањето решение за надминување на состојбата на работењето на друштвото.

Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце Васко Скендеровски и претседателот на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце Бајрам Амити.

Фабриката за феролегури „Југохром“ во Јегуновце, која беше затворена поради неизградба на филтер станица, според најавите, повторно ќе почне да работи во март или април следната година.

Поврзани новости