Додека Трајчева е на одмор, Стефанова е шеф на организиран криминал

by Fokus

Републичкото Јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција непречено функционираат и продолжуваат активно да постапуваат без разлика на поведените дисциплински и други постапки против поединци, информираат од ОЈО.

За тоа кој обвинител ќе ги преземе работите додека трае суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, од ЈОРСМ за МИА велат дека тоа ќе биде согласно годишниот распоред.

– Со Решението за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител, наведениот јавен обвинител е задолжен сите предмети и ствари со кои е задолжен да ги предаде на јавниот обвинител кој со годишниот распоред треба да го менува. Сите предмети ќе бидат времено рaспоредени кај друг надлежен јавен обвинител и по нив постапката ќе продолжи со несмален интензитет, се вели во одговорот од ЈОРСМ.

Согласно годишниот распоред замена на Вилма Русковска е Ивана Трајчева, а во моментов сите итни и основни работи за функционирање на обвинителството ги врши обвинителката Лиле Стефанова.

Поврзани новости