Додека чекал на Клиника за трауматологија, непознат го измамил и му земал 7.000 денари

by Fokus

Додека чекал на Клиника за трауматологија, непознат му земал 7.000 денари лажејќи го дека ќе му заврши одредена услуга, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 13.50 часот во Полициската станица Центар, Р.Л.Ј.(39) од Пробиштип пријавил дека во периодот од 09.30 до 10.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, во Амбуланта на траумотологија, непознато машко лице извршило измама на неговиот татко. Му земало 7.000 денари за наводно  да му заврши одредена услуга за парична надокнада за инвалидитет на лица. Откако ги земало парите лицето го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости