До наредната седмица ќе бидат вакцинирани 500 илјади жители, Филипче незадоволен

by Fokus

Вакцинацијата ќе заврши до вторник во повеќе градови во Македонија, а до крајот на наредната седмица ќе бидат вакцинирани околу 500 илјади граѓани.

Сепак, министерот за здравство, Венко Филипче не е задоволен од таквиот развој на настаните, потенцирајќи дека може уште подобро.

„Таа бројка не е доволна. Фокусирани сме на овој процес и очекуваме во иднина се повеќе граѓани да се вакцинираат. Уште еднаш ги повикувам да се пријават за вакцинација, со цел побрзо да стекнеме колективен уминитет“, истакна Филипче.

Поврзани новости