До летото се очекуваат пресуди за „ТНТ“, „Насилството во Центар“ и „Триста“

by fokus

Шефицата на СЈО, катица Јанева, во интервју за Независен вели дека до летните одмори би требало да има пресуди за неколку случаи и тоа за „Насилството во општина Центар“, „Триста“ и „ТНТ“.

-Предметите во судовите одат бавно. Ние многупати сме рекле дека не сме задоволни од текот на предметите. Одложувањата во најголем дел не се по вина на обвинителството, понекогаш не се ниту по вина на судот, бидејќи некои предмети се совпаѓаат во термините кога се судат. Во суштина, мислам дека еден дел од предметите, како што се „Насилство во Општина Центар“, „Триста“, „ТНТ“, до летните одмори ќе бидат завршени, ќе бидат донесени првостепени пресуди. Мислам дека тоа ќе биде голем успех како на обвинителството, така и на судството.

Во овој период веќе се интензивирани судењата. Судиите ги насочуваат почесто предметите и задоволни сме од динамиката. Се надевам дека побргу ќе завршат и ќе имаме конечни пресуди по сите предмети. Има предмети каде што обемот на докази е голем и од тоа зависи и времетраењето на самата главна расправа, вели Јанева.

Поврзани новости