До крајот на годината ќе се затвори Домот „11 Октомври“

by fokus

До крајот на годината ќе се стави клуч на врата на домот за деца без родители “11 Октомври” преку процесот за деинституционализација, а штитениците ќе бидат сместени во згрижувачки семејства како и во мали групни домови.

Во моментот во Установата има 32 деца. За тие кои ќе живеат во 4-те стамбени единици ќе се грижат воспитувачите од  “11 Октомври”. Од министерството велат дека објектот ќе остане на државата и ќе го пренаменет за други социјални услуги.

Постапката за вадењето на децата од домовите е во тек и во специјалниот завод во Демир Капија и во Домот за доенчиња во Битола за каде се планирани специјализирани згрижувачки семејства поради нивната возраст.

– Така е секаде во светот, децата да ги доближиме до семејства, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Поврзани новости