До четврток „пекол“

by Fokus

Времето до четврток ќе биде стабилно и многу топло, а ќе се активира и портокаловото ниво на опасност од високи температури, соопшти УХМР.

Особено топло се очекува да биде во четврток кога ќе дува засилен јужен ветер. Во текот на ноќта и во петок ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температурата ќе се намали за 3 до 5 степени.

За утре и задутре се прогнозираат максимални 42 степена во некои делови од земјата, а во петок и за време на викендот 38 до 39 степени. 

Поврзани новости