До 10 часот никој не поднел тужби до Управниот суд

by Fokus

До Управниот суд до утрово до 10 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговори за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби.

Како што информира портпаролот на ДИК, Адмир Шабани до 10 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале само претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

По истекот на пет часа откако биле испратени се смета дека примателите ги добиле решенијата. Управниот суд има 60 часа по приемот на тужбите да одлучи по нив.

– Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот на денешниот или утрешниот ден, меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби, вели Сејдини.

Поврзани новости