До 10 часот излезноста е 8,88 отсто

by Фокус 10:35
10:35

Одѕивот на гласачи до 9 часот бил 4,92, додека до 10 часот бил 8,88 отсто, информираа од граѓанската асоцијација МОСТ.

Врз основа на дојавите од набљудувачите, од таму соопштија дека се забележани неправилности на повеќе гласачки места.

- Advertisements -

Па, во населба Драчево, општина Кисела Вода, демолиран е изборен штаб на една политичка партија. На гласачкото место 2713 во општина Аеродром, 15 гласачи не биле запишани во Избирачкиот список и ИО не знаел каде да ги упати. На повеќе гласачки места во општина Кичево и во општина Гостивар, пак, видливото мастило се брише со влажни марамчиња и ацетон.

Понатаму, на две гласачки места во општина Гостивар гласачките паравани се несоодветно поставени, со што се нарушува тајноста на гласањето. На гласачкото место во општина Бутел, претставник на подносител на кандидатска листа ги поместувал гласачките паравани.

На крајот, во Берово на глас се читаат имињата на гласачите, а во Кавадарци се евидентираат лицата кои влегуваат на некои гласачките места.

Поврзани новости