До 10 часот гласале 8.98 отсто од гласачите

by fokus 11:28
11:28

Излезеноста на гласачите до 10 часот на територијата на Република Македонија изнесува 8,98 проценти, соопшти Државната изборна комисија.

На 3480 избирачки места гласањето е без поголеми неправилности, а на неколку е забележано доцнење поради отстранување пропаганден материјал.

- Advertising -

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.

 

Поврзани новости