ДНЕТ со поддршка за Ердоган

by Fokus

Членовите на Движењето за национално единство на Турците како критична маса и совест на Турците во Македонија, длабоко сме загрижени во врска со ново настанатата сотојба во Р.Турција, се вели во партиското соопштение.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека ниту во еден случај не го прифаќаме овој обид за воен удар и даваме целосна поддршка на претседателот на Р.Турција, Реџеп Таип Ердоган, на владата на Р.Турција и на Турскиот народ.

Остро ги осудуваме обидите за дестабилизација и деструкција на турската држава. Никој не може да биде против на волјата на народот. Во што поскоро време виновниците треба да се предадат на рацете на правдата во Р.Турција.

Убедени сме дека Р.Турција во најскоро време ќе ја преброди оваа состојба и ќе работи на јакнење на демократските капацитети и владеење на правото и правната држава

Уште еднаш ја изразуваме нашата силна поддршка кон нашата пријателска и братска земја Р.Турција и кон братскиот турски народ“

Поврзани новости