ДКСК отвори предмет за имотот во Нерези со кој се поврзуваше Филипче

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата чека информации од општина Карпош за предметот „Шпанско село 2“ за евентуална поврзаност на министерот за здравство Венко Филипче и семејството на неговата сопруга, на директорот на Синерџи медикал Горан Филипов, како ко-сопственици на имотот во Нерези, по што ќе се произнесе за овој предмет.

Со овој предметот е поврзано и работењето на Илир Хасани – сега актуелен заменик министер, а претходно директор на Ургентниот центар.

– Средствата за инвестиции во објекти и опрема во Јавни здравствени установи се обезбедуваат од буџетот на Министерството за здравство, но техничките спецификации и документи клиниките сами ги изработуваат, без учество на министерството. При оцена на прифатливоста на понудите не учествувале вработени во министерството, ниту министерот, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Извршен е увид во електронскиот систем за јавни набавки, посочи таа, при што констатирано е дека во периодот 2018 до 2020 година министерството за здравство доделило 122 договори за јавна набавка во име на други здравствени установи, додека економскиот оператор Синерџи медикал во истиот период склучил 129 договори за јавна набавка со јавни здравствени установи ширум републиката, што укажува дека овој економски оператор во континуитет добива договори.

– По извршен увид во тендерската документација на клиниката, се утврди дека техничките документации и критериумите од тендерската набавка се изработени согласно закон. Од страна на клиниката спроведен е технички дијалог, а евалуацијата на понудите е согласно законските одредби. Од тој аспект не успеавме да најдеме ништо незаконски во тендерските постапки, изјави Ивановска.

Во однос на градежните плацови, поднесено е барање до општина Карпош инспектори да излезат на терен и утврдат дали и како се гради на тоа земјиште, за што ќе биде известена јавноста по добивање на информации.

Оваа афера ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тие обвинија дека семејството на сопругата на министерот Филипче, Савевски и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Освен со газдата добитник на тендери од министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека смејството на Филипче било коспоственик и со директорот на Ургентен центар, Илир Хасани на друга парцела во Нерези.

Поврзани новости