ДКСК: Едно лице шест-седум пати се поставува за ВД директор, тоа носи ризик од политичко влијание

by fokus

Именувањето на функцијата ВД директор одредени институции не го кориситат за да се надмине некоја времена состојба туку се користи како да е редовен начин за постапување на директор. Ова е заклучокот на Антикорупциската комисија за кој денеска на прес-конференција информираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, како и за останатите предметите по кои комисијата постапувала.

Ивановска појаснува дека институциите во отсуство на почитување на материјалните закони за избори на директори по пат на конкурс и обезбедување фер конкуренција, го применуваат начинот на работа кој со години се гради во нашето општество кој остава простор за постоење висок ризик од политичко влијание што доведува до разградување на системот на вредности на професионализмот, а и до преселување на квалитетен кадар во кој вложувала државата.

-Сведоци сме дека едно лице по шест-седум пати се поставува за ВД директор и не се почитуваат материјалните закони. Комисијата порачува и препорачува сите институции да си ги спроведуваат материјалните закони, а Собранието на Република Северна Македонија да го донесе законот за висока раководна служба, истакна Ивановска.

Антикорупциската комисија по сопствена иницијатива го отворила и анализирала предметот „1 денар м2“ кој се однесува на објавениот тендер за изработка на ДУП-ови во општина Центар.

По донесена Одлука за набавка на услуги за изработување на детални урбанистички планови за потребите на општината, во декември 2017 година, била спроведена постапка за Јавна набавка со користење на отворена постапка. Постапката била спроведена согласно Законот, потоа била спроведена Е-аукција која траела два часа и 20 минути. На крајот од Е-аукцијата најповолна понуда поднел економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје, во износ од 1 (еден) денар за м2.

Поврзани новости