Јанкулоска за бензинот на полицијата: Изборите се при крај, потрошивме се што имаме!

by fokus 14:46
14:46
  • Дека државните ресурси се трошеле за партиски кампањи се докажа уште еднаш на денешното рочиште за случајот Титаник. Па така, од неколку бомби можеше да се слушне дека полицијата покрај службените обврски, за изборите во 2011 година, извршувала и партиски наредби.

Во еден од разговорите меѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески се открива дека Јанакиески е незадоволен бидејќи полицајци од Струмица биле повлечени во Тетово, па поради тоа ромското мало во Струмица било оставено без надзор, односно можеле лесно да купуваат гласачи.

-Нема луѓе, од Струмица сте повлекле 30 луѓе во Тетово, и реагира Јанакиески на Јанкулоска.

- Advertisements -

Таа пак му вели дека тоа се луѓе од посебната единица и дека може да ги врати, но како што вели нема потреба.

,- Не е точно дека нема луѓе, проблем е што нема бензин. Никаде немаме бензин, не само Струмица. Изборите ни се при крај и се што имавме потрошивме. Имаме по 20 литри на станица. На увид луѓето идат со приватни коли. Ако има убиство идат со свои коли, вели Јанкулоска.

 

Поврзани новости