Диво Насеље: Вооружената група комуницирала и со македонската тајна служба

by fokus 23:05
23:05

Судењето за „Диво Насеље” денеска продолжи со сведочење на третообвинетиот Дем Шеху. Како и останатите обвинети и Шеху изјави пред судот дека случајот со нападот во Куманово бил политички минтиран и дека целта на групата не била да предизвикаат конфликт.  Тој вели дека групата дошла во Македонија поради незадоволството на Албанците и поради неспроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Шеху додаде дека неколку припадници на групата имале врски со албански политичари во Македонија, но и со агенти на тајната служба со кои се среќавале два три дена пред кумановските настани.

- Advertisements -

Претходно, и второобвинетиот Анди Красниќи познат како командат Малишева, изјави дека за нивното доаѓање во Македонија знаеле високи партиски функционери на ДУИ. Меѓу нив ги спомна Ејуп Алити познат како Секретар за спроведување на Охридскиот рамковен договор, и Садула Дураку актуелен градоначалник на Липково.

Првообвинетиот пак, Сами Ушкини алијас Командант Соколи, изјави дека специјалците кои загинаа во Диво Насеље биле убиени од свои колеги.Според него, групата била подговена да се предаде, но тогашните челници на МВР одбиле такво нешто.

Судскиот процес за случајот „Диво насеље“ се очекува да продолжи на 3 март со сослушување на следниот обвинет Кенан Исени.

Инаку, во дводневната престрелка во кумановско Диво Насеље загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.

 

Поврзани новости