ДИЦ: Во целост ќе бидат исполнети обврските од договорот за државната матура

by fokus

Државниот испитен центар (ДИЦ) информира дека обврските произлезени од договорот помеѓу Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на државната матура ќе бидат исполнети во целост од надлежните институции и образовните установи откако денеска Сојузот реагираше дека во некои средни училишта во земјава не се почитува договореното во февруари.

– Училишните матурски предметни комисии предвидено е да подготват минимум три пати повеќе испитни задачи (без решенија) во согласност со застапеноста и видовите на задачи пропишани во испитната програма по секој соодветен предмет и тие, минимум три седмици пред полагањето, јавно да ги објават. Од тие испитни задачи потребно е да биде изготвен тестот за интерните испити. Овие насоки се наведени во известувањето кое ние како надлежна институција за спроведување на полагањето на државната матура го доставивме до сите средни училишта уште на 11 март 2021, информира ДИЦ во дописот до медиумите.

ДИЦ додава дека учениците не треба да бидат загрижени туку да се фокусираат на повторување на досега стекнатите знаења со цел, како што наведува, успешно да ја заокружат оваа етапа од воспитно-образовниот процес.

Поврзани новости