Дисциплинска постапка за партиските војници кои „клателе врата и зимале плата“

by fokus

Отворена е дисциплинска постапка за поголем број на лица, вработени од страна на поранешниот Генерален секретаријат во Владата, кои не доаѓале на своите работни места и не ги извршувале работните задачи, а редовно примале плата.

Од Валдата велат дека е извршена ревизија и дека е формирана Комисија која дисциплинската постапка ќе ја продолжи по завршување на локалните избори, согласно Изборниот законик.

„Исплатата на платата според внатрешната ревизија е направена за неизвршена задача што е во спротивност со Законот за работни односи како и Законот за административните службеници. Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830.000 илјади евра, со што, за истата сума, е оштетен буџетот на Република Македонија“, велат од кабинетот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Имено внатрешната ревизија открила дека бројот на вработени кои биле привилегирани во овој случај варира помеѓу 166 и 80, затоа што овие државни службеници во меѓувреме биле прераспределувани во други институции. Од Владата упатуваат дека постои можна одговорност и кај работодавачот и кај работниците.

Поврзани новости