Директорска промена во Бирото за јавни набавки

by Фокус

Нов директор на Бирото за јавни набавки е Александар Аргировски, кој доаѓа од позицијата државен советник во Бирото на местото на Маре Богоева – Мисовска.

Богоева – Мицовска ја вршеше оваа функција од последната промена на власта во 2006 година, а во последно време истакнуваше дека Македонија е лидер во регионот во спроведувањето на јавните набавки.

Овој орган е во склоп на Министерството за финансии управувано од Зоран Ставревски и тоа е одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки.

Јавните набавки заземаат преку 10 отсто од бруто-домашниот производ и тие се важни за функционирање на јавниот сектор и целокупната економија.

Поврзани новости