Директорот на „Водовод и канализација“ позитивен на корона вирус

by fokus
Директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Душко Весковски вечерва на Фејсбук објави дека е позитивен на Ковид-19.
Како што пишува, се чувствува добро и има лесни симптоми.
– Момент на едно невнимание може да биде поразителен за сите нас! Им благодарам на здравствените работници за натчовечките напори кој ги прават за ние да се чувствуваме сигурни! Останете во добро здравје, чувајте се и носете маска!, напиша Весковски на Фејсбук.

Поврзани новости