Директорот на статистика: Изборите може да се одржат на 24 октомври

by fokus

Според директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, може да се избегне преклопување на термините за одржување на локалните избори и на закажаниот попис ако како датум на кој би се бирале градоначалници и советници во општините и во Град Скопје биде определен 24 октомври.

-Пописот започнува на 5 септември и ќе трае 26 дена, што значи дека ќе заврши на 30 септември. Нема да има никакво преклопување на изборите со пописот на населението, бидејќи според Изборниот законик кампањата трае 20 дена, пред денот на изборите. Пописот не би требало да се одложи, бидејќи трипати го одлагаме. Во нашата држава немаме попис 20 години, вели во изјава за Локално, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Поврзани новости