Директорот на Шутка демантира дека се врши тортура врз Камчев, тврдењата на одбараната не се совпаѓаaт ниту со наводите на Зибери

by fokus

Директорот на истражниот затвор Скопје, Филип Андонов ги демантира тврдењата на одбраната дека осомничениот бизнисмен, Орце Камчев има нехуман, нечовечки третман и дека му се врши тортура во затворот. Андонов во изјава за Фокус кратко само вели дека овие наводи на одбраната на Камчев ги демантира, а наводите на Народниот правобранител не ги коментира.

Одбраната на Камчев денеска излезе со тврдења дека служби од кај Народниот правобранител, институција на чие чело е Насер Зибери, го посетиле бизнисменот во притворското одделение во затворот во Шутка и констатирале дека Камчев во затворот има нехуман, нечовечки третман, но и дека се вршело и тортура врз него со што му била загрозена здравствената состојба.

Народниот правобранител, Насер Зибери во изјава за Фокус потврди дека службите го посетиле Камчев и според она што нѝ го изјави, тврдењата на одбраната не се совпаѓаат со она што го констатирал Народниот правобранител.

Службите констатирале дека во првите денови Камчев бил сместен во несоодветна просторија и не му била доставувана вода од кантината, а се пожалил и на здравствени проблеми. -Во меѓувреме тој е преместен во друга просторија, а решен е и проблемот со водата, ни изјави Зибери.

Камчев е во притвор како еден од осомничените во истрагата што се води за плацевите на Водно, но против него се води и уште една истрага позната во јавноста како „Империја. Во Шутка се наоѓа и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој е осуден на 12 години затвор за масовното прислушување и се наоѓа во притвор. Засега Мијалков нема излезено со реакција за третманот во затворот.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости