Директорот на неврохирургија Чапароски барал мито за да даде стручно мислење на болно дете за лекување во странство

by Fokus

Директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски утрото во полициска станица на информативен разговор бил однесен по пријава на татко на 14-годишно дете кое требало да замине на лекување во странство, тврдат за „Фокус“ лекарски извори од клиниката.

Според нашите информации, првиот човек на клиниката побарал од таткото мито од неколку илјади евра за да даде стручно мислење.

„Фокус“ уште во текот на денот доби потврда од МВР за овој случај, но тие не сакаат да споделат повеќе информации. Се потрудивме да стапиме во контакт и со директорот Чапароски, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

И.М.

Поврзани новости