Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ нема признаена диплома?

by fokus 18:14
18:14

Директорот на „Водовод“ без призната диплома раководел со јавното претпријатие, реагираше денеска Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва (СУТКОЗ).

Претседателот на Синдикатот Дарко Димовски покажа документи според кои Министерството за образование и наука му укажува на Атанасов дека неговата диплома не може да биде признаена, бидејќи не е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани на Шангајскиот универзитет.

- Advertisements -

-Неговата диплома за завршен колеџ во Грција не е призната, за што бил известен од Министерството за образование, но тој тоа не го посочил при поднесувањето документи на конкурсот за директор на Водовод. Дополнително сѐ уште не му е признато ниту средното образование кое го завршил во САД, што значи дека е избран на незаконски начин и сите одлуки кои ги носи се незаконски и невалидни, па и онаа каде што стави потпис на кредитот за изградба на зградата, рече Димовски.

Синдикатот обвини и дека првиот човек на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, Александар Атанасов, незаконски отпушта и деградира работници кои партиски не му одговараат.

Поврзани новости