Директорот на „Екоцентар 97“: Истечениот отпад од ОХИС е веќе собран, нема опасност

by fokus

Директорот на фирмата која го врши препакувањето на истискиот хемиски отпад, Владо Момировски во изјава за ТВ 24 рече дека отпадот кој денеска истече во ОХИС е веќе собран, нема опасност и нема повредени.

-Не е опасно, нема повредени. Заврши се, се е собрано во буриња, специјални буриња, спремни за извоз. Вентилот е поправен, еве моите вработени веќе се повлекоа, се е завршено. Истече вода со која се перела цистерна, во која имало мали делови од хемикалијата, значи не самата хемикалија. А водата не може да истече надвор, туку во заштитниот бетонски базен, рече Момировски.

Поврзани новости