Директорот на „Астра зенека“: ЕУ предоцна нарача вакцини

by Fokus 11:33
11:33

По обвинувањата и најавувањето тужба на Европската комисија поради наводно неисполнување на договорот за испорака на вакцини против коронавирус, фармацевтската компанија „Астра зенека“ тврди дека ЕУ ги предоцна ги нарачала вакцините.

-Сега заостануваме два месеци од нашиот основен план за производство со Европа. Имавме тешкотии на почетокот и во Велика Британија. Сепак, договорот со Британците беше склучен три месеци пред Брисел. Имавме уште три месеци време да ги отстраниме проблемите таму“, објасни првиот човек на „Астра зенека“, Паскал Сорио, за германскиот дневен весник „Билд“.

- Advertisements -

Сорио истакна дека неговата компанија не е договорно обврзана да доставува одредени количини на вакцината.

Тој објасни дека е склучен договор со ЕУ со напомена за вложување максимални напори.

Сорио истакнува дека причината за тоа било тоа што Брисел сакал да добие испораки истовремено со Британците, иако тие го потпишале договорот три месеци подоцна.

-Затоа се согласивме да се обидеме, но не се обврзавме со договор, нагласи тој.

Сорио потсети дека „Астра зенека“ развива вакцина во корист на сите граѓани, а не да заработува со тоа.

„Мислам дека се однесуваме кон Европа на фер начин“, додаде тој. Во врска со извештаите на германските медиуми дека ефикасноста на вакцината на „Астра зенека“ кај постарите лица е мала, Сорио нагласи дека не знае од каде ги добиле тие информации и дека тие не се точни.

Поврзани новости