Директорот Донев изрази жалење и ќе ги врати парите за летот во бизнис-класа

by fokus

Директорот на агенцијата за туризам Александар Донев кој во изминативе два дена беше предмет на остри критики од страна на јавноста поради користењето на оваа класа на летот до Буенос Аирес денеска изрази жалење поради неговиот избор во изјава за телевизија Телма.

Авионската карта до Аргентина во бизнис класа била 30 одсто поскапа од онаа во економската, односно економската чинела 180 000 денари, а бизнис околу 220 000. Донев доплнително ќе одлучи на каков начин ќе ја врати разликата во средствата.

Аргументот на Донев е дека прв пат летал со бизнис класа бидејќи патот е долг повеќе од 17 часа, а на светскиот самит за авантуристички патувања имал набиена агенда и голем број состаноци поради кои требал да биде одморен.

Поврзани новости