Директорката од Петровец:„На е-маилот се гледа до кои училишта е пратена пораката, зошто МВР не не контактираше?“

by Fokus

Директорката на училиштето ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Виолета Јаневска даде објаснување во врска со денешните дојави за бомба во училиштето.

Таа вели дека меилот е испратен по завршување на работното време, и во тоа време немало ученици во училиштето.

„Маилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и во моментот училиштето нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20.мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина. По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор“, вели таа.

Според неа, потоа пристигнале единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна.

Поврзани новости