Директорката на средното од Битола демантира дека ученици биле во посета на Софија

by fokus

Директорката на средното техничко училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов“ Жанета Сервини денеска испрати демант на тврдењата на фондацијата „Бугарска памет (меморија)“ дека ученици од ова училиште биле во посета на Софија и таму посетувале предавања во музејот на национална историја.

Директорката Сервини демантира дека младите од фотографиите објавени на веб страницата на профилот на фондацијата се ученици во битолското техничкото училиште.

-Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменик-директорот Љупчо Здравковски, за да воспоставиме „Еразмус Плус“ соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта. Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето, се вели во реакцијата на Сервини.

По демантот на директорката, фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот каде се споменуваа.

Поврзани новости