Директорката на Инфективна: Не бевме информирани за хроничните болести на младиот пациент кој почина

by fokus

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тие не знаеле за хроничните болести кои ги имал пациентот кој почина од корона вирус на 31 година.

-Нас ни почина млад човек. Младите треба да бидат отпорни на Ковид. Сега светот почна да ги репортира таквите случаи. Има млади луѓе што имаат хронични болести. Но ако знаат дека имаат, не смеат да ги кријат.
Ние не знаевме за неговите хронични болести, тие веројатно не се ни дефинирани. Но, дежурните служби имале некои информации, кои ние отпосле ги добивме, откако почина. Тоа е трагедија. Можеби немаше да можеме ништо повеќе да направиме, но хроничните болести не смеат да се кријат, порача Стевановиќ.

Поврзани новости