Директорката на Инфективна: Ако некогаш не учеа дека дебелината е здравје, сега знаеме дека не е

by fokus

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека на глобално ниво се уште многу прашања за корона вирусот се неодговорени. Што се однесува до влијанието на дебелината, вели дека е отежителна околност.

-Многу прашања се неодговорени: што значи биологијата на вирусот, зошто е вака кај едни, а онака на други. Какви ќе бидат статистиките на крај, навистина сметам дека оваа пандемија мора прво да заврши.
Ако некогаш не учеа дека дебелината е здравје, сега знаеме дека не е. Таа значи висок ризик за многу болести, висок ризик за развивање хронични болести. А, токму тие болести се отежителни за пациентите со корона вирусот, вели Стевановиќ.

 

Поврзани новости